Идните истражувачи обучени преку реални ситуации |
Thursday, 12 December 2019 16:43 | |||
Поставување хипотеза, избор на примерок, одредување варијабли, обработка на податоци и користење на програмата SPSS беа дел од темите за кои 17 претставници на граѓански организации учеа на обуката за истражување и методи на истражување. Таа се одржа на 5 и 6 декември 2019 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје. Учесниците ја оценија обуката како многу релевантна, практична и корисна. Како најважни ги издвоија практичните вежби и работењето во програмата SPSS. Тие имаа можност низ реални примери и студии на случај да направат симулација на истражување. Подготвија прашалник за анкета, поставија хипотези и варијабли и на терен ги собираа податоците, а потоа ги обработија и врз основа на тоа напишаа краток извештај. Обучувачката Софија Георгиевска истакна дека групата била многу кохезивна, активна и вклучена. Според неа собирањето податоци на терен, онлајн и преку телефон, придонела членовите на групата да се стават во реална ситуација и да се однесуваат како вистински истражувачи. Оваа беше четврта од низата обуки организирани во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Од овој циклус обуки остануваат уште три обуки кои што ќе бидат спроведени на почетокот од 2020 година.
|