МЦМС ги бодреше нашите ракометари во Задар |
Friday, 30 January 2009 14:11 | |||
Неколкумина вработени во МЦМС викендот на 24 и 25 јануари 2009 година заминаа во Задар да им дадат поддршка на македонските ракометари на Светското првенство во ракомет. Ракометната еуфоријата што ја зафати целата држава најмногу се чувствуваше таму – на чекор до храбрите момчиња од Македонија. Резултатот од двата натпревари не влијаеше на впечатоците на колегите. „Не се опишува со зборови, треба да се доживее!“, велат тие. „Првиот поглед на салата кога игравме со Норвешка беше шок – како да си во „Борис Трајковски“ во Скопје, а не во Задар. Стотици македонски знамиња, неколку илјади грла кои викаат „Македонија!“ – прекрасно. А не беа тоа само навивачите од Македонија, добар дел од нив беа домаќините од Хрватска кои ги покажаа сите добри особини на еден домаќин“, раскажуваат неколкумината кои поминаа повеќе од 2000 километри за да бидат сведоци на неколку страници од светската ракометна историја.
Во еден глас и играчите и навивачите ја отпејаа македонската химна пред на натпреварите со Норвешка и Данска.
Кафулето „Арсенал“ беше најпопуларното собиралиште на нашите навивачи во Задар. Одличните домаќини и добрата музика правеа супер атмосфера и пред и по натпреварите.
|