МЦМС ги бодреше нашите ракометари во Задар - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС ги бодреше нашите ракометари во Задар PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 30 janar 2009 14:11

Неколкумина вработени во МЦМС викендот на 24 и 25 јануари 2009 година заминаа во Задар да им дадат поддршка на македонските ракометари на Светското првенство во ракомет.

makedonski-navivaci-vo-zadar-hrvatska

Ракометната еуфоријата што ја зафати целата држава најмногу се чувствуваше таму – на чекор до храбрите момчиња од Македонија. Резултатот од двата натпревари не влијаеше на впечатоците на колегите. „Не се опишува со зборови, треба да се доживее!“, велат тие. „Првиот поглед на салата кога игравме со Норвешка беше шок – како да си во „Борис Трајковски“ во Скопје, а не во Задар. Стотици македонски знамиња, неколку илјади грла кои викаат „Македонија!“ – прекрасно. А не беа тоа само навивачите од Македонија, добар дел од нив беа домаќините од Хрватска кои ги покажаа сите добри особини на еден домаќин“, раскажуваат неколкумината кои поминаа повеќе од 2000 километри за да бидат сведоци на неколку страници од светската ракометна историја.

Во еден глас и играчите и навивачите ја отпејаа македонската химна пред на натпреварите со Норвешка и Данска.

Кафулето „Арсенал“ беше најпопуларното собиралиште на нашите навивачи во Задар. Одличните домаќини и добрата музика правеа супер атмосфера и пред и по натпреварите.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme МЦМС ги бодреше нашите ракометари во Задар