Какви се донаторските процедури? |
Monday, 07 April 2014 19:21 | |||
Од 12 до 14 март 2014 година, во хотелот Бистра во Маврово, се одржа обуката „Донаторски процедури“ на која присуствуваа 18 претставници на 12 граѓански организации кои работат со маргинализирани групи во кумановскиот, скопскиот и тетовскиот регион. Учесниците дознаа кои се елементите на донаторските процедури и како тие се создаваат; кои се процедурите за контрола, а кои за спроведување. Беа разработени и донаторските поими за буџетирање и процедурите за известување. На крај, покрај видовите донатори, беше разговарано и за актуелните повици. „Многумина од обуката имаат претходно искуство во реализирање на проекти, така да групата беше на исто ниво“, рече Донка Петровска, од Дром. Таа смета дека обучувачите успеале да го пренесат своето знаење, а работата во групи многу помогнала во практично осознавање на теоријата. И Рејхан Каљиси од ОЖТ Дерја е задоволна од учеството на обуката. „Имавме доста работа, но во исто време беше и забавно затоа што дел од работата во групи беше реализирана низ игри. Се надевам дека ќе соработуваме во иднина со другите учесници“, додаде таа. Обуката беше дел од проектот „Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот“ кој е финансиран од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). ОЖП го спроведува МЦМС со партнерите со цел да се поддржи пристапот на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот.
|