Преку форумите учествуваме во креирањето на локалната политика - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Преку форумите учествуваме во креирањето на локалната политика PDF Print E-mail
Friday, 16 November 2012 00:00

Третата форумска сесија од меѓуопштинскиот форум на општините Василево и Босилово се одржа на 15 ноември 2012 година, во мотелот „Мис Стон“ во Градашорци, општина Василево. На сесијата присуствуваа 111 граѓанин на општините Василево и Босилово и гости.

IMG 4247

На сесијата се разгледуваа концептите за предлог проекти на темата „Водоснабдување и отпадни води“. Претставници на работната група презентираа пет концепти за предлог проекти подготвени меѓу двете сесии и тоа: Mеханизација за комунални претпријатија; Проектна документација за фекална канализација; Јакнење на свеста на граѓаните за рационално користење на водата; Реконструкција на канали за одвод на атмосферските води и Подобрување на снабдувањето со техничка вода.

Присутните граѓани дискутираа за секој од предложените концепти. Првите четири форумот ги поддржа и одлучи да се доработат во предлог проекти. На сесијата беа присутни и градоначалниците на двете општини кои одговараа на прашања поставени од присутните по однос на предложените концепти. „Добри се Форумите бидејќи  ние  самите граѓани  ги лоцираме проблемите и предлагаме идеи како да се надминат истите, со што на некој начин учествуваме во креирањето на локалната политика“, ни рече Марјан Трајковски од Василево. „Меѓуопштинскиот форум го поздравувам  бидејќи  заеднички со жителите од Босилово ги споделуваме истите проблеми но и нудиме решенија како да се надминат. Независно кој концепт ќе помине или добие најмногу гласови, тоа се проблеми кои не мачат и нас во Василево и жителите од Босилово“, додаде тој. Според Катерина Пандева од Босилово преку форумите се подига свеста кај граѓаните за нивно активно учество во решавањето на проблемите во нивната заедница. „На овој начин не само што ги споделуваме проблемите туку и разменуваме искуства како  да се надминат и можност тоа да се изложи и пред локалните власти. Значи демократскиот дух се зголемува кај сите нас“, смета таа.

IMG 4263

На граѓаните им беше презентиран и форматот за предлог проект и критериумите за проектите. Потоа се дооформи работната група која помеѓу третата и четвртата сесија ќе ги подготви предлог проектите.

Следната, четврта форумска сесија е закажана за 20 декември 2012 година во ОУ „Гоце Делчев“ во општина Босилово.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Преку форумите учествуваме во креирањето на локалната политика