Кои се можностите за вклучување во подготовката на закони - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кои се можностите за вклучување во подготовката на закони PDF Print E-mail
Tuesday, 22 May 2012 10:09

Втората основна обука на тема „Вклучување во креирање политики и подготовка на закони“  се одржа на 17 и 18 мај 2012 година во Охрид, организирана од страна на МЦМС. Претставници на граѓанските организации селектирани при повикот за учество на обуката, кои немаат претходно искуство во процесите на подготовка на закони се стекнаа со нови вештини.

IMG 5791

Шеснаесет нови учесници се стекнаа со основни знаења за застапувањето како битна компонента за успешно вклучување во процесите на подготовка на законите. Разгледан беше и процесот на одлучување во Македонија, како и целокупниот процес на подготовка на закони, проследен со примери за досегашната вклученост на граѓанските организации во подготовката на одредени закони и практични вежби за потикнување иницијативи и измени на постоечки закон.

Најголем дел од учесниците на основната обука оценија дека и покрај комплексноста на темата и временското ограничување, основната обука ќе придонесе кон подготовка на поуспешни иницијативи во рамки на нивната организација за измена на оредедни закони кои се од нивен интерес на делување.

IMG 5794

Учесниците покажаа интерес и за релевантните институции до кои можат да ги поднесат своите иницијативи и да соработуваат, разбирајќи ја својата проактивна улога во општеството како иницијатори на промени и подобрувања.

Втората основна обука ја водеа Емина Нурединоска од МЦМС и Горан Форбици од Словенечкиот центар на невладини организации (ЦНВОС) од Љубљана.

Обуката е дел од проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони” кој е поддржан од Европската Унија од инструментот за човекови права и демократијата (ЕИДХР). Целта на проектот е да се зголеми соработка на граѓанските организации со органите на државната управа во процесите на креирање политики и подготовка на закони. Проектот се спроведува во партнерство со ЦНВОС од Љубљана и Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Кои се можностите за вклучување во подготовката на закони