Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Квартален извештај бр.5 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Квартален извештај бр.5 PDF Print E-mail
Thursday, 11 January 2018 13:28

Автор: Македонски центар за меѓународна соработка
Дата: март 2017
ISBN:  
PDF:  sledenje-na-dksk-kvartalen-izveshtaj-br-5.pdf
Резиме МК: rezime-od-sledenje-na-rabotata-na-dksk-kvartalen-5.pdf
Резиме АЛ: rezime-od-sledenje-na-rabotata-na-dksk-kvartalen-5-alb.pdf
Резиме ЕН: rezime-od-sledenje-na-rabotata-na-dksk-kvartalen-5-ang.pdf

sledenje na dksk kvartalen izveshtaj br 4И покрај воспоставената соработка за потребите на проектот, ДКСК не достави податоци за овој квартал.

Од вкупно 30 индикатори следени во периодот на известување, а за кои се следи исполнувањето на законските обврски („обојување на индикаторите“), 12 се остваруваат целосно во согласност со закон, 15 се остваруваат делумно, а три не се остваруваат.

ДКСК има направено АПЛ за пет закони од првиот квартал, еден закон од вториот квартал и еден закон од четвртиот квартал. ДКСК не ги следи во целост планот и динамиката за АПЛ на веќе донесени закони.  На барање на надлежните министерства, ДКСК подготви антикорупциска проверка на Законот за изменување и дополнување на законот за укажувачите и на Закон за изменување и дополнување на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

После 11 месеци по завршувањето на изборите, односно во ноември 2017г., за прв пат ДКСК подготви и поднесе посебен извештај за можни злоупотреби на средства за време на предвидените парламентарни избори одржани во декември 2016 г.

ДКСК одржа повеќе работни средби со домашни и странски државни органи. ДКСК склучи меморандум за соработка со Агенцијата за спречување на корупција на Црна Гора и учествуваше и на повеќе конференции, како во земјата така и во странство.

ДКСК потпиша Меморандум за соработка со две граѓански организации во насока на спроведување на заеднички активности и споделувања искуства.

Врз основа на спроведената теренска анкета, граѓаните сметаат дека ДКСК го штити поединечниот, а не јавниот интерес. Иако граѓаните ја препознаваат ДКСК како инстиуција која придонесува во борбата против корупцијата и би пријавиле корупција во ДКСК, сепак повеќе од половина од нив смеетаат дека ДКСК со својата работа го штити поединечниот, а не јавниот интерес. Поврзано со ова е и мислењето на повеќе од третина од граѓаните дека ДКСК неефективно ја врши својата работа.

flaer4

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Квартален извештај бр.5