Извештај за проценка на корупцијата во Македонија 2018 г. - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за проценка на корупцијата во Македонија 2018 г. PDF Print E-mail
Thursday, 05 April 2018 14:34

Автор: Емина Нурединоска, Снежана Камиловска Трповска, Наташа Иваноска, Миша Поповиќ
Дата: март 2018
ISBN: 
PDF MK:  izveshtaj-za-procenka-na-korupcijata-vo-Makedonija-2018-g.pdf
PDF EN:  corruption-assessment-report-of-macedonia-2018.pdf
Conclusions:  conclusions-of-corruption-assessment-report.pdf
Shoqeror: korrupsioni-si-nje-problem-shoqeror.pdf

izvestaj za procenka na korupcijata vo makedonija 2018Извештајот за процена на корупцијата претставува преглед на состојбата и динамиката на корупцијата во Република Македонија. Основата на овој извештај е Системот за следење на корупцијата (ССК) развиен од Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија. ССК се заснова на различни извори на информации и ги комбинира квантитативните и квалитативните методи за следење и процена на корупцијата. Обединетите нации (ОН) го имаат признаено ССК како систем со најдобри практики за следење на корупцијата на национално ниво и е во согласност со пристапот за виктимизација на ОН за мерење на нивото на административна корупција.

Во овој извештај содржан е основниот сегмент на ССК, односно анализирани се податоците од анкетата со населението за перцепцијата и искуството со корупцијата во 2017 г., и за одредени прашања споредувани со секундарни податоци. Со ваквата анализа се дава одговор за нивото на корупција во Македонија. Преку седум индекси е презентирано актуелното искуство на граѓаните со корупцијата, за нивните ставови за корупцијата и за перцепциите за корупцијата. Во извештајот може да се најде одговор за повеќе прашања како што се: кои фактори влијаат на корупцијата,  колкав е коруптивниот притисок, вклученоста во корупција, како и степенот на отпор кон корупција од страна на граѓаните. Потоа содржани се податоци за свесноста на јавноста за корупцијата и за прифатливост и подложност на корупција. На крај во извештајот се дава и преглед на перцепцијата на граѓаните за распорстранетоста на корупцијата по сектори и професии, како и на перспективите и можностите за намалување и сузбивање на корупцијата. 

МЦМС го подготви Извештајот за процена на корупцијата во Македонија и ја издаде оваа публикација како дел од проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Извештај за проценка на корупцијата во Македонија 2018 г.