Advertisements - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Advertisements
МЦМС бара спроведувачи на курсеви за занимања PDF Print E-mail
Monday, 17 June 2013 13:53

Со спроведувањето на проектот Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот, МЦМС има за цел да ги подобри условите за вработување на овие жени. Затоа, една од активностите е да им понуди курсеви за занимања.

Курсевите треба да бидат на следните теми: фризерство, кроење и шиење, компјутерско водење на сметководство и готвење во угостителски објекти.

Обуките се спроведуваат за жени од Скопје (Сарај и Чаир), тетовскиот регион (Јегуновце, Теарце и Желино), Липково и Маврово и Ростуша.

 
МЦМС бара ко-модератор за општина МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА PDF Print E-mail
Wednesday, 24 April 2013 09:31

Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).

Во периодот јануари 2013 – мај 2014, Форумскиот процес во општините Македонска Каменица и Делчево ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

За потребите на Меѓуоптшинскиот Форум, се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, шест работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.

 
МЦМС бара ко-модератор за општина Шуто Оризари PDF Print E-mail
Thursday, 03 January 2013 11:32

Во периодот јануари 2013 – мај 2014 г., форумскиот процес во општина Шуто Оризари ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
За потребите на проектниот форум се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР, кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 (шест) месеци, 9 (девет) работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.

 
МЦМС бара ко-модератор за општина Македонска Каменица PDF Print E-mail
Wednesday, 02 January 2013 11:58

Во периодот јануари 2013 – мај 2014 г., форумскиот процес во општините Македонска Каменица и Делчево ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

За потребите на Меѓуопштинскиот форум се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, шест работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.

 


Page 20 of 32

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements