Конкурс за истражувачки стории за корупција - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Конкурс за истражувачки стории за корупција PDF Print E-mail
Wednesday, 01 June 2016 15:20

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС) ги покануваат сите заинтересирани новинари и студенти по новинарство да понудат предлог теми за истражувачки стории поврзани со корупцијата.

konkurs-istrazuvacki-storii-korupcija

Предложените теми може да опфатат:

  • административна корупција
  • висока политичка корупција
  • анализа на новите форми на економски криминал
  • можна злоупотреба на средства од ЕУ и други донатори
  • даночните измами
  • злоупотреба на јавни средства преку субвенции и јавни набавки и сл.

Конкурсот е отворен до 15 јуни, а рокот за подготовка на сториите е 29 јули 2016 година.

Вкупниот фонд за конкурсот изнесува 200.000 денари. Поединечните надоместоци нема да ја надминат сумата од 20.000 денари (бруто). Ќе бидат избрани вкупно 10 предлози. Од изработените истражувачки стории, ќе бидат избрани три најдобри кои ќе бидат наградени. Вкупниот фонд на средства за наградите изнесува 150.000 денари.

Целиот конкурс и документите за пријавување:

Комплетните пријави треба да се достават до Миша Поповиќ, на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it и Марија Саздевски на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .

Конкурсот е дел од Програмата на УСАИД за антикорупција што ја спроведува МЦМС во соработка со ИДСЦС, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија (ТМ).

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Конкурс за истражувачки стории за корупција