Tuesday, 12 May 2015 15:27 |
Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), во рамки на глобалниот проект „The Macedonian Heritage Village“, за првпат оваа година ја спроведува својата програма „BIRTHRIGHT MACEDONIA (BRM)“ во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Мисијата на оваа програма е да им обезбеди на младите кои имаат македонско потекло и живеат во странство, тринеделен престој во Македонија (10-31 јули 2015).
|