Wednesday, 07 August 2013 00:00 |
Двете ангажирани лица ќе работат во канцеларија во Кривогаштани на задачи поврзни со правата на работниците ангажирани во производството на тутун. Освен сервисирање на жалбите и поплаките, ангажираните лица ќе работат и на поддршка на земјоделците за административни прашања.
Ангажманот на социјалниот работник/чка е за 12 месеци со полно работно време, а позицијата правник/чка е отворена за 12 месеци со половина работно време. Двете позиции се со можност за продолжување.
|
|
Monday, 08 July 2013 10:11 |
Полио плус, МЦМС и Комисијата за заштита од дискриминација во рамките на проектот „Од норма до пракса“ објавуваат конкурс за избор на најдобра фотографија 2013 објавена на тема „ДИСКРИМИНАЦИЈАТА НИЗ МОЈОТ ОБЈЕКТИВ“.
Цел на конкурсот е да се стимулира редовно и објективно медиумско следење и согледу [ … ] |
Monday, 17 June 2013 13:53 |
Со спроведувањето на проектот Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот, МЦМС има за цел да ги подобри условите за вработување на овие жени. Затоа, една од активностите е да им понуди курсеви за занимања.
Курсевите треба да бидат на следните теми: фризерство, кроење и шиење, компјутерско водење на сметководство и готвење во угостителски објекти.
Обуките се спроведуваат за жени од Скопје (Сарај и Чаир), тетовскиот регион (Јегуновце, Теарце и Желино), Липково и Маврово и Ростуша.
|
Wednesday, 24 April 2013 09:31 |
Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).
Во периодот јануари 2013 – мај 2014, Форумскиот процес во општините Македонска Каменица и Делчево ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).
За потребите на Меѓуоптшинскиот Форум, се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, шест работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.
|
|
|
|
|
Page 21 of 34 |