Повик за ад хок грантови ЦМ-АДХ-01 |
Tuesday, 01 September 2015 13:33 |
Цивика мобилитас објавува повик за доделување ад хок грантови, реф. бр. ЦМ-АДХ-01. Ад хок грантовите на Цивика мобилитас им се наменети на здруженијата и фондациите како и на неформални, нерегистрирани групи граѓани за поддршка на итните, неодложни т.н. „горливи“ прашања кои се појавуваат и кои бараат итно внимание и акција на секое ниво на интервенција во Македонија (локално, општинско, регионално или национално). Суштината на овие грантови е да се стимулира активно граѓанство, овозможувајќи му да се мобилизира и да ги реши итните општествени прашања по принципот „овде и сега“. За грантовите можат да се пријават здруженија и фондации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010) и неформални, нерегистрирани групи граѓани. Во случаите каде апликантот е неформална, нерегистрирана група граѓани, договорот за ад хок грант ќе биде администриран од постоечка граѓанска организација. Покрај апликантот, во пријавите можат да се вклучат и соработници. Повикот се состои од Водич за апликантите, Образец за концепт и Образец за пријава. Апликантите првично го поднесуваат само образецот за концепт. Образецот за пријава се пополнува само доколку апликантот добил писмена покана од Цивика мобилитас да поднесе пријава, а по прелиминарниот избор на концептот. Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде најмногу шест месеци. Големината на побараниот грант треба да биде најмногу 400.000 денари. Расположливиот вкупен износ за повикот е 20.000.000 денари. Овој Повик за предлози ќе биде отворен до 31 март 2018 г. Концептите може да бидат поднесени во кое било време до овој датум. Комисијата за избор на малите грантови ќе носи одлуки на неделно ниво. Концептите и пријавите се доставуваат по електронски пат на адресата This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Цивика мобилитас нема да ги прифати концептите и пријавите кои не се поднесени по електронски пат на горенаведената адреса. Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат во кое било време до 31 март 2018 г. на: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Цивика мобилитас ќе обезбеди информации за овој Повик за предлози како дел од регионалните форуми за соработка „Твој простор, твој глас“ и за време на други настани. Датумите и локациите на одржување на регионалните форуми се достапни на: http://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/1/regionalni-forumi. Следете ја веб-страницата и страницата на Фејсбук на Цивика мобилитас и информирајте се за евентуални промени или за последните прашања и одговори. Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ). |