Конкурс за доделување на мали грантови: Застапување и лобирање - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Конкурс за доделување на мали грантови: Застапување и лобирање PDF Print E-mail
Monday, 22 June 2015 15:58

Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИнСоК, Скопје, и Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС во рамките на проектот Пристап на Ромите до фондови, објавуваат повик за доделување на мали грантови на ромски граѓански организации.

Целта на конкурсот е да се обезбеди поддршка на ромските граѓански организации кои работат на зајакнување на соработката со институциите на локално и национално ниво преку застапување и лобирање, за поадекватен одговор на потребите и проблемите на ромската заедница во Република Македонија. Повикот ќе подржи проекти кои:

  • Ќе демонстрираат иновативни модели на партнерство со јавните институции и приватниот сектор, особено во областите на вработување и претприемништво со насока да бидат мултиплицирани или интегрирани во јавните политики;
  • Ќе бидат во насока на мобилизирање на средства за техничка помош и подршка за зголемување на способностите на локалните даватели на услуги за полесен пристап и искористување на ЕУ фондовите;
  • Се однесуваат на надминување на бариерите кои  го отежнуваат пристапот до фондовите на ЕУ, особено делот со финансиските капацитети на ромските граѓански организации.

Важноста од застапување и лобирање за Ромската заедница оди во прилог на остварување на целите и приоритети предвидени со Стратегијата на Ромите и придонесува за развој и унапредување на можностите кои што им стојат на располагање на граѓаните.

Малите грантови се во висина од минимум 3.000 УСД до максимум  5.000 УСД, a  вкупниот фонд на проектот Пристап на Ромите до фондови за оваа намена изнесува 25.000 УСД. Временската рамка за реализација на проектите треба да биде од 3 (три) до 5 (пет) месеци до максимум 5 (пет) месеци.

Рокот за доставување е среда, 15 Јули 2015 година - на следниве е-mail адреси: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it и This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Проектот е финансиски подржан од програмата на Институтот отворено општество Будимпешта „Да се направи максимум со ЕУ фондовите за Ромите“.

Лице за контакт: Верица Кржовска, Асистент на ПРФ за Македонија - Асоцијација иницијатива за социјална промена, ИнСоК – Скопје; Е-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it ; т. +389 (0) 2 61 42 690

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Конкурс за доделување на мали грантови: Застапување и лобирање