Граѓанскиот сектор во бројки 2025 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанскиот сектор во бројки 2025 PDF Печати Е-пошта

Датум: август 2026
PDF: gragjanskiot_sektor_vo_brojki_top100_2025.pdf

gragjanskiot sektor vo brojki 2025Финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. 

Стоте најголеми граѓански организации во Северна Македонија во 2025 година оствариле вкупни приходи од 4,41 милијарди денари (околу 71,7 милиони евра). Иако тие сочинуваат само 1,7% од вкупно 5.892 активни организации во земјата, кај нив се концентрира значителен дел од финансиската моќ на секторот. Тие вработуваат 703 лица. Публикацијата се потпира на два извора: годишните сметки што организациите ги поднесуваат до Централниот регистар на Република Северна Македонија (податоци за приходите, расходите, резултатот, обврските и вработените за 2023, 2024 и 2025 година) и регистарот на граѓански организации на истата институција (датум на основање, правна форма, големина, дејност и седиште). Вкрстувањето на двата извора дава детална слика за структурата, географијата, растот, ранливостите и општественото значење на организираното граѓанско општество.

Публикацијата е наменета за широк круг читатели: самите граѓански организации, домашните и странските донатори, државните институции, истражувачите и медиумите. Затоа наративот е воден од прашања, а не од табели: колкав е всушност секторот; каде живее; колку е стар; колку организациите со најголеми приходи се одвоени од остатокот; колку е подвижна хиерархијата; што се случи со парите и со луѓето во 2025; и што од сето тоа произлегува како задача за секој од чинителите.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми