| Понеделник, 20 јули 2009 15:39 | 
| Одборот на директори е колективен раководен орган на МЦМС кој брои два извршни директори. Со овој конкурс се избира еден извршен директор со мандат до јуни 2011 година. Кандидатите треба да имаат: 
 Познавање на мисијата на МЦМС и концептите на граѓанско општество и одржлив развој; Способност за водство, ориентација, управување и мотивирање на другите; Знаења за основни раководни концепти, организациски развој, стратешко планирање, оценување, финансиско планирање и раководење, раководење со човечки ресурси;Способност за комуникација и презентација; Висок интегритет, одговорност и отчетност;  Почит за другите,  вклучителност и партиципативност, и поддршка на мултикултурноста и на ненасилството. Конкурсот е отворен до 20 август 2009 година. Пријавување се врши со: 
 Писмо;  Биографија во формат на MЦМС; Краток есеј за прашање од јавната политика од значење за МЦМС (до три страници); Кратка изјава за сопственото видување на МЦМС (до една страница); Кратка изјава за целите во кариерата (до една страница).  Преземете ги:  Описот на работното место со целосниот преглед на компетентноста,  процедурата за избор и  форматот на МЦМС за биографија. Дополнителни информации можат да се побараат икслучиво на е-пошта 
 Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
  . |