Понеделник, 20 јули 2009 15:39 |
Одборот на директори е колективен раководен орган на МЦМС кој брои два извршни директори. Со овој конкурс се избира еден извршен директор со мандат до јуни 2011 година.
Кандидатите треба да имаат:
- Познавање на мисијата на МЦМС и концептите на граѓанско општество и одржлив развој;
- Способност за водство, ориентација, управување и мотивирање на другите;
- Знаења за основни раководни концепти, организациски развој, стратешко планирање, оценување, финансиско планирање и раководење, раководење со човечки ресурси;
- Способност за комуникација и презентација;
- Висок интегритет, одговорност и отчетност;
- Почит за другите, вклучителност и партиципативност, и поддршка на мултикултурноста и на ненасилството.
Конкурсот е отворен до 20 август 2009 година.
Пријавување се врши со:
- Писмо;
- Биографија во формат на MЦМС;
- Краток есеј за прашање од јавната политика од значење за МЦМС (до три страници);
- Кратка изјава за сопственото видување на МЦМС (до една страница);
- Кратка изјава за целите во кариерата (до една страница).
Преземете ги: Описот на работното место со целосниот преглед на компетентноста, процедурата за избор и форматот на МЦМС за биографија.
Дополнителни информации можат да се побараат икслучиво на е-пошта
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
. |