Повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за Североисточен, Вардарски и Југоисточен плански регион - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за Североисточен, Вардарски и Југоисточен плански регион PDF Печати Е-пошта
Вторник, 02 декември 2025 14:24

Граѓанскиот ресурсен центар, во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, објавува отворен повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за:

  • Североисточниот,
  • Вардарскиот и
  • Југоисточниот плански регион.

povik za izbor na regionalni eksperti od gragansko opshtestvo

Како дел од напорите за зајакнување на локалните граѓански организации, проектот воспоставува национална Платформа на регионални поддржувачи на граѓанските организации. Во останатите плански региони веќе е избран минимум по еден регионален експерт за поддршка на локалните организации.

Регионалните експерти ќе играат клучна улога во обезбедување менторска, советодавна и техничка поддршка за локалните ГО, ќе поттикнуваат вмрежување и соработка, како и споделување знаења и добри практики. Избраните експерти ќе станат дел од платформата преку која Граѓанскиот ресурсен центар ќе може да делува во сите региони.

Повикот е отворен за кандидати кои се жители на Североисточниот, Вардарскиот или Југоисточниот плански регион.

Преземи го целосниот Опис на работни задачи.

Краен рок за аплицирање: 26 декември 2025 година

Апликациите се доставуваат електронски на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Охрабруваме квалификувани експерти од соодветните плански региони да аплицираат и да придонесат за развојот на граѓанското општество.


Поврзани:

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за Североисточен, Вардарски и Југоисточен плански регион