Повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за Североисточен, Вардарски и Југоисточен плански регион - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за Североисточен, Вардарски и Југоисточен плански регион PDF Print E-mail
Tuesday, 02 December 2025 14:24

Граѓанскиот ресурсен центар, во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, објавува отворен повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за:

  • Североисточниот,
  • Вардарскиот и
  • Југоисточниот плански регион.

povik za izbor na regionalni eksperti od gragansko opshtestvo

Како дел од напорите за зајакнување на локалните граѓански организации, проектот воспоставува национална Платформа на регионални поддржувачи на граѓанските организации. Во останатите плански региони веќе е избран минимум по еден регионален експерт за поддршка на локалните организации.

Регионалните експерти ќе играат клучна улога во обезбедување менторска, советодавна и техничка поддршка за локалните ГО, ќе поттикнуваат вмрежување и соработка, како и споделување знаења и добри практики. Избраните експерти ќе станат дел од платформата преку која Граѓанскиот ресурсен центар ќе може да делува во сите региони.

Повикот е отворен за кандидати кои се жители на Североисточниот, Вардарскиот или Југоисточниот плански регион.

Преземи го целосниот Опис на работни задачи.

Краен рок за аплицирање: 26 декември 2025 година

Апликациите се доставуваат електронски на: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Охрабруваме квалификувани експерти од соодветните плански региони да аплицираат и да придонесат за развојот на граѓанското општество.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Повик за избор на регионални експерти од граѓанското општество за Североисточен, Вардарски и Југоисточен плански регион