МЦМС е атрактивна и иновативна организација која учи, со локални корени и глобален поглед - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС е атрактивна и иновативна организација која учи, со локални корени и глобален поглед PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Не само што луѓето се во фокусот на целите на МЦМС, тие се и клучен ресурс за успехот на МЦМС и негова главна конкурентна предност. Оттука, развојот на персоналот е есенцијален за идниот подем. МЦМС ќе продолжи да поддржува развој на персонал со ли-чен и професионален интегритет и посветеност.

Атрактивноста треба да биде потврдена преку способноста да се привлечат и развиваат компетентни и посветени вработени и волонтери, преку понуда на предизвици поврзани со работата, добри можности за обука и континуирано образование, меѓу другото и со учество во различни процеси и задачи во рамките на организацијата.

МЦМС треба да продолжи да ја јакне својата карактеристика на учење (и преку документирање) на резултатите од своите активности, со цел да се подобрат компетентностите  и системите за ефикасно и ефективно собирање и размена на искуства, набљудување и оценка.

Тенденција во внатрешната комуникација треба да биде подобрената хоризонтална координација, во функција на децентрализацијата на МЦМС во сите подрачја.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Qëllimet tona MCMS – organizatë me rrënjë lokale dhe vizion global