Неефикасни антикорупциски политики во земјите од Западен Балкан - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Неефикасни антикорупциски политики во земјите од Западен Балкан PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 31 tetor 2020 21:00

„Енергетскиот сектор е особено ранлив на надворешен политички притисок и ни треба транспарентен и децентрализиран пазар“, рече Виола фон Крамон-Таубадел, известувачка за Европскиот парламент за Косово и известувачка во сенка на Европската слободна алијанса (ЕФА) за Србија, за време на веб-семинарот „Заробена држава: Премостување на јазот помеѓу дијагнозата и практичните решенија на Западен Балкан“ во организација на мрежата СЕЛДИ. 

20201030 SELDI vest

„За жал, како што споменува во последните извештаи на ЕУ, слободата на медиумите во земјите од Западен Балкан е под знак прашалник, бидејќи огромното мнозинство на медиуми се под директно влијание на политичката моќ. Дури и ако медиумскиот пејзаж е плуралистички, тоа не значи дека е ослободен од политички или економски притисок “, нагласи Крамон-Таубадел.

Резултатите од истражувањето на СЕЛДИ „Проценка на заробена држава во Западен Балкан: Ризици и опции за политики“ откриваат дека повеќе економски сектори во регионот покажуваат симптоми што може да се припишат на заробена државата. Албанија и Србија се најлошо рангирани според повеќето индикатори, особено за критичното поле: судир на лични интереси, а неефикасните антикорупциски политики се проблем во сите овие земји. Антикорупциската политика се смета за особено неефикасна во државните институции поврзани со градежништвото во Албанија и Северна Македонија, во инспекторатите за труд во БиХ, Северна Македонија и Србија, во државни организации поврзани со медиуми во Косово и Србија, како и во мобилноста и транспортот и земјоделството во Албанија. 

Според Александар Герганов, аналитичар во Центарот за изучување на демократијата од Бугарија, заробувањето на државата е институционализација на коруптивните односи, што доведува до приватизација на управувањето. Тој додаде дека препораките за изготвување политики вклучуваат посилен политички ангажман со локалните лидери во врска со владеењето на правото и заштитата и следењето на судската независност и перформанси. „Другите препораки вклучуваат обезбедување транспарентност на сопственоста на медиумите, зајакнување на антимонополските закони и решавање на проблемите со конкуренцијата во критичните сектори, како што се енергијата, фармацијата и градежништвото“, рече Герганов.

20201030 SELDI vest 2

Џулио Венери, раководител на Центарот за тематска експертиза (ЦОТЕ) за владеење на правото, основните права и демократијата нагласи: „Во последниот пакет за проширување можевме да известиме за многу позитивни случувања во некои земји, но дури и кога беа пријавени позитивни движења, сепак бевме принудени да забележиме дека има многу слабости и очекувања што треба да се исполнат“. Тој додаде дека е потребна политичка храброст која можат да си ја дадат доколку ги одржат блиските односи со граѓанското општество и граѓанските организации во регионот.

Миша Поповиќ од Институтот за демократија Социетас Цивилис укажа на тоа дека јазот помеѓу дијагнозата и решението е неповрзаноста на реформите и резултатите од истите. Дали реформите навистина ги даваат посакуваните резултати, дали може да се искористи енергијата поинаку- запраша Поповиќ и додаде дека без независно судство не може да очекуваме успех во справување со заробената државата.

Веб семинарот се одржа на 30 октомври 2020 година и го проследија 83 учесници. Оваа активност е во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Неефикасни антикорупциски политики во земјите од Западен Балкан