Расте отпорот кон корупцијата, но исто така и песимизмот - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Расте отпорот кон корупцијата, но исто така и песимизмот PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 13 dhjetor 2019 17:45

„Нам ни е неопходно системско справување со корупцијата и воспоставување нов вредносен систем за што е предуслов јасно изразената волја на релевантните политички фактори во државата“, истакна претседателот Пендаровски на денешниот регионален форум за борба против корупцијата организиран од Регионалната мрежа за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Тој истакна дека неопходните реформи во сферата на владеење на правото и правната држава не треба да ги правиме за да ги задоволиме критериумите за членство во ЕУ, туку за да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и во сопствената држава.

VIK 7162 2

На настанот учествуваа над 100 претставници од граѓански организации и од државни институции од Северна Македонија и од земјите од регионот, а поддршка на граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата даде и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Експертите од СЕЛДИ го презентираа Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија каде се анализирани податоците од анкетата спроведена во февруари 2019 година. Според него, 29,4% од граѓаните биле изложени на коруптивен притисок, а тоа проектирано на население изнесува 490.038 граѓани. Од друга страна, корупцијата останува неказнива бидејќи во 2018 година само 92 лица биле осудени за злоупотреба на службена должност или поткуп, што ја сведува ефикасноста на институциите на 0,02% случаи откриени и завршени со пресуда. Уште една поразувачка статистика покажува дека четири од пет граѓани (84%) очекуваат во иднина зголемување на притисокот за корупција.

VIK 7560 2

Дискусијата за реформите во правосудството потврди дека промените на ова поле се случуваат динамично во сите земји на Балканот, а како најважна кај нас останува донесувањето на нов Закон за јавно обвинителство кое се пролонгира од политички причини.

Претставниците на антикорупциските тела од регионот ги споделија нивните досегашни искуства од работата и ги претставија наредните предизвици. Заедничко за сите нив е потребата од градење на нивните капацитети, недостатокот на соработка со надлежните институции, недостаток на нивна независност, како и фактот што конфликтот на интереси кај високата корупција не се спречува.

Настанот послужи да се отворат прашањата на продолжување со проширувањето на ЕУ, со истовремено исполнување на реформите за добро владеење во Западен Балкан. Исто така, беа разгледувани и корупцијата и заробеноста на државата како главен предизвик за земјите од Западен Балкан.

VIK 7823 2


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Расте отпорот кон корупцијата, но исто така и песимизмот