Вкупно 25 проекти и буџет од 175 милиони денари во 2017 година |
E martë, 26 qershor 2018 15:03 | |||
Советот на МЦМС на 25 јуни 2018 година ја одржа третата редовна седница на која беше усвоен Извештајот за работа на МЦМС за 2017 година со Финансискиот извештај и Извештајот од независниот ревизор. „МЦМС во 2017 г. реализираше 25 проекти, а вкупниот реализиран буџет изнесуваше 175 милиони денари“, рече Гонце Јаковлеска, извршен директор на МЦМС. Таа ги презентираше клучните проектни постигнувања на МЦМС. „Годината ја завршивме со буџет од околу 2,8 милиони евра или речиси на истото ниво со претходната година“, рече Александар Кржаловски, првиот извршен директор на МЦМС во презентацијата на Финансискиот извештај. Тој исто така нагласи, дека и оваа година, МЦМС доби „чисто“ мислење од ревизорите, без забелешки на водењето на финансиите. Членовите на Советот се интересираа за практиките на МЦМС при подготовката на пријавите за повиците на донаторите, за начините на обезбедување на кофинансирање, за проектите поддржани од приватни компании и можноста да се популаризираат во иднина.
|