Советот на МЦМС го одобри Годишниот извештај за 2018 година - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Советот на МЦМС го одобри Годишниот извештај за 2018 година PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 21 qershor 2019 15:48

Советот на МЦМС на 20 јуни 2019 година ја одржа четвртата редовна седница на која беше усвоен Извештајот за работа на МЦМС за 2018 година со Финансискиот извештај и Извештајот од независниот ревизор.DSC 0462 2

Во годината во која МЦМС го одбележа јубилејот – 25 години од основањето се спроведуваа вкупно 37 проекти, а вкупниот реализиран буџет изнесуваше 116 милиони денари. Активностите главно беа во три од долгорочните цели на организацијата: вкоренето и влијателно граѓанско општество, добро владеење и борба против корупцијата и социјална инклузија и кохезија. Најголем донатор во претходната година е Европската Унија, а веднаш по неа Швајцарската агенција за развој и соработка. МЦМС доби „чисто“ мислење од ревизорите, без забелешки на водењето на финансиите.

Членовите на Советот се интересираа за видливоста на резултатите и нивната комуникација со јавноста и ја истакнаа синергијата меѓу граѓанските организации што ја обезбедува МЦМС, а благодарение на која, граѓанскиот сектор е се поголем и повидлив чинител во општеството, значаен актер во разговорите и носењето одлуки.

Покрај Годишниот извештај, членовите на Советот го избраа и новиот ревизор на МЦМС. Во следните четири години, независната ревизија ќе ја врши ревизорската куќа „Бејкер Тили“.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Советот на МЦМС го одобри Годишниот извештај за 2018 година