Документацијата повеќе не е проблем за 16 граѓански активисти - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Документацијата повеќе не е проблем за 16 граѓански активисти PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 18 tetor 2018 12:25

Знаење пренесено на едноставен и пластичен начин преку многу практична работа е главната импресија на учесниците на тридневната Обука за административно и архивско работење која ја организираше МЦМС по повод 25 годишниот јубилеј.

Dokumentacijata povekje ne e problem za 16 gragjanski aktivisti 1

Од 15 до 17 октомври, 16 претставници на граѓански организации стекнуваа знаења за правилата и законските рамки на административното и архивското работење.

„Досега во граѓанскиот сектор често сум се сретнувала со административна работа, а не сум била свесна која е одговорноста која сум ја сносела“, рече учесничката Ирина Поповска. Таа изрази задоволство од текот на обуката бидејќи сѐ било детално објаснето и немало простор за нејаснотии.

Во текот на трите дена учесниците слушаа за основите на административното работење и постапување со документацијата. Тие се запознаа со поимот, улогата и значењето на архивското работење; вреднување, прием и распоредување на актите; употреба на печати и штембили; евидентирање на актите во деловодник и архивирање. Во текот на обуката, низ кратки практични вежби по групи имаа можност да го применат наученото и притоа да стекнат поголема самодоверба.

Dokumentacijata povekje ne e problem za 16 gragjanski aktivisti 2

Обуката ја спроведе Валентина Чичева од МЦМС, која изрази задоволство од желбата за учење и посветеноста на групата како целина.

Со ова, МЦМС ги заокружува обуките со кои го промовираше концептот на доживотно учење, откако претходно ја спроведе обуката за обучувачи за 15 нови тренери.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Документацијата повеќе не е проблем за 16 граѓански активисти