Регионална конференција за Кодексот на добри практики за граѓанско учество - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионална конференција за Кодексот на добри практики за граѓанско учество PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 24 janar 2009 13:25

На 19 и 20 јануари, во Истанбул, Турција се одржа регионална консултативна конференција со граѓанските организации од југоисточна Европа за Кодексот на добри практики за граѓанско учество. Конференцијата беше во организација на Меѓународната конференција на невладините организации (INGO) при Советот на Европа и Фондацијата за третиот сектор (TUSEV) од Турција.

regionalna-konferencija-za-kodeksot-na-dobri-praktiki-za-gragansko-ucestvo

На конференцијата  учествуваа околу 50 претставници од: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Унгарија, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Романија, Србија, Турција, како и претставници од Советот на Европа.

Кодексот треба да придонесе кон создавање овозможувачка околина за граѓанските организации во земјите членки на Советот на Европа. Со него, на европско ниво, ќе се дефинира сет од основни принципи и препораки за учеството на граѓанските организации во процесите на одлучување кои што ќе бидат спроведувани на локално и национално ниво во земјите членки.

Учесниците разговараа за клучните прашања, дилеми и предлози. Идејата за донесување на ваков Кодекс е многу корисна за граѓанските организации. Тој ќе биде корисна алатка за самите граѓански организации во процесите на лобирање и застапување за одредени прашања при креирањето на политиките во државите. Се очекува до крајот на 2009 година да биде усвоен документот од страна на INGO, и доколку е возможно и директно од Советот на Европа.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Регионална конференција за Кодексот на добри практики за граѓанско учество