Глобално водство - извештај од анкета на јавното мислење |
![]() |
![]() |
![]() |
E hënë, 23 dhjetor 2013 08:39 | |||
Граѓаните, од аспект на глобална политика, најдобро мислење имаат за Германија (14,5 %) и САД (11,2 %), а потоа за Швајцарија (9,7 %), Турција (6,9 %), Албанија (4,5 %) и Србија (4,1 %). До десеттото место следат Шведска, Австралија, Русија (3,5 %) и Словенија. Немаат добро мислење за ниту една земја 7,1 % од граѓаните. Турција (16 %), Србија (12,2 %), САД (8,2%), Германија (8,2 %) и Албанија (5,8 %) се петте најпријателски земји на Македонија. Кина е шеста (2,5 %), Русија (1,8 %) е на деветто место. Меѓу првите 15 земји се сите соседи на Македонија. Турција (14,6 %) , Србија (11,6 %), САД (10,9 %), Германија (5,8 %) и Словенија (3,7 %) се пет најдобри сојузници на Македонија. Постои евроатлантската ориентација на граѓаните, збирот на земји за кои постои најдобро мислење, а кои се членки на НАТО, изнесува 56,5 %. Исто така постои и перцепција на земјите, кои се членки на НАТО дека се најдобри сојузници на Македонија, при што збирот изнесува 42,3 %. Постои одреден национален консензус за глобалното водство и сојузништвото. Поточно, ставовите на граѓаните за најдобра земја, како и за најпријателска земја и за најдобар сојузник на Македонија се релативно хомогени по основ на етничка припадност и партиско симпатизерство. Така на пример 11 % етнички Македонци и 11,3 % етнички Албанци, како и 10,4 % од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и 11,5 % од тие на СДСМ, ги сметаат САД за најдобар сојузник на Македонија. Разликите по етничка припадност и партиско симпатизерство не се значајни, можеби со исклучок на ставовите за Албанија, за која постојат разлики во ставовите по етничка линија меѓу етничките Македонци и Албанци. Уште една разлика по етничка припадност заслужува внимание, а тоа разликата во ставот дека ниту една земја не е најпријателска земја и најдобар сојузник на Македонија, при што околу 20 % од етничките Македонци имаат таков став, наспроти околу 10 % од етничките Албанци. Преземи го извештајот од истражувањето. Испитувањето на јавното мислење направено преку теренска анкета во периодот 15 ноември – 1 декември 2013 г на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници со +/- 3 % грешка. Анкетата ја спроведе М-проспект, чија одговорност беше и нејзината методолошка исправност.
|