Во пресрет на Европската година на развојна помош |
E enjte, 30 qershor 2016 17:13 | |||
„Одбележувањето на Европската година на развојна помош е отворена покана на Европа до светот за заедничка рефлексија за тоа како политиките, партнерствата и ресурсите на ЕУ можат најдобро да бидат искористени за да поддржат глобален развој, целосно искоренување на сиромаштијата, и поставување на планетата на оджлив, инклузивен и просперитетен пат“ изјави комесарот за меѓународна соработка и развој на ЕУ, Невен Мимика, за време на Европски денови на развојна помош што ги организираше Европската комисија на 15 и 16 јуни во Брисел. Фокусот на настанот беше на Одржливите развојни цели на Обединетите Нации и обезбедувањето на нивна успешна реализација до 2030 година. На настанот учествуваа преку 6000 учесници од 150 земји кои работат на глобална развојна помош и соработка, светски лидери, млади лидери и бројни говорници, ГО и меѓународни организации. Настанот опфати преку 500 говорници и проминентни одлучувачи, вклучително и меѓународни организации. На учесниците им се обрати Бан Ки-мун, генералниот секретар на Обединетите Нации, Џим Јонг Ким, претседателот на групацијата на Светска Банка, Фумзиле Мламбо - Нгчука, извршната директорка за женски прашања на ОН и бројни претседатели на земји: Кенија, Маурициус, Буркина Фасо, Централноафриканска Република, Самоа, Етиопија, Тимор-Лесте и други. На 13 и 14 јуни 2016 година, во Брисел, се одржа и Годишното собрание на мрежата Конкорд-Европа каде главната тема беше се постеснетиот граѓански простор во Европа во услови на криза и улогата на Конкорд. Клучните прашања беа како да се создаде простор за граѓанските организации; како да се предизвика економската парадигма? Како да се овозможи родова еднаквост во рамки на организациите? Како да се биде инклузивен? „Како да се зајакне улогата на граѓанското општество за демократија во моменталниот предизвик кој доаѓа од околината“, беше клучното прашање на инспиративна сесија посветена на „Создавање простор за ГО: време за лидерство и акција“. На состанокот беше усвоена новата стратегија на Конкорд. На двата настани, од МЦМС, учествуваше Симона Огненовска. Учеството е дел од регионалниот проект „Подготовка за развојна помош”, кој МЦМС го спроведува на национално ниво. Регионален координатор на проектот е Хоризонт3000 и БЦСДН, а партнери од ЕУ земји се СЛОГА од Словенија, Понтис фондацијата од Словачка и КРОСОЛ од Хрватска. Покрај МЦМС, на национално ниво активностите ги спроведуваат: Граѓански иницијативи и Граѓански парламент од Србија, ЦРНВО од Црна Гора, ИДМ и Конкорд од Албанија. Проектот е финансиран од Австриска агенција за развој со финансии од Австриска развојна соработка.
|