| Ајде да решиме заедно! |
|
|
|
| E premte, 21 nëntor 2025 16:25 | |||
|
„Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“, вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40 дена преку протест се бореа против загадувањето од депонијата Вардариште.
Иницијативата беше на граѓаните кои побараа чист воздух, здрава животна средина и одговорни институции. Тие јасно ги кажаа своите барања и ги доставија до надлежните институции. Протестот го ставија во мирување дури откако почнаа да се реализираат дел од нивните барања за да им дадат простор на институциите да си ја завршат работата. Но предупредија, „ако процесот застане, ако ветувањата не се исполнат, повторно ќе се вратиме, посилни и побројни од кога било!“ Ваквите иницијативи се ветер во грб за граѓанскиот ангажман. Иако често слушаме дека граѓаните се незаинтересирани, рамнодушни, пасивни, сепак, во секој дел на државата можат да се најдат активисти кои неуморно работат на нивните цели. Можеби информациите за нивните активности не се многу јавно експонирани, но таму се, посветени на луѓето со кои работат и истрајни во тоа што сакаат да го постигнат.
Новиот број на „Граѓаните за промена“ е покана да се вклучите: да прашате, предложите, волонтирате, донирате, гласате и создавате. Зашто граѓанскиот ангажман не е еднократен настан – тоа е навика што го подобрува секојдневието и ја прави нашата заедница посилна, поправедна и поотпорна. Активистите од #стопзавардариште на сите што се двоумат им порачаа – „запомнете, промената не доаѓа сама. Ние сме тие што ја носиме!“ Погледнете што носи новиот број Граѓаните за промена #22.
|