Втора година мониторинг на „Насоките на ЕУ“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Втора година мониторинг на „Насоките на ЕУ“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 23 maj 2016 20:16

На 27 и 28 април во Скопје се одржа регионална конференција на тема „Мониторинг на насоките на ЕУ - втора година“. На конференцијата учествуваа повеќе од 80 претставници од државните институции и од граѓанските организации од Западен Балкан и Турција, како и претставници од институциите на ЕУ. Од МЦМС присуствуваа Емина Нурединоска и Симона Огненовска.

Vtora godina monitoring na Nasokite na EU 1

Целта на конференцијата баше да ги насочи процесите кон посакуваните промени согласно со „Насоките за поддршка од ЕУ за граѓанското општество во земјите од проширувањето, 2014-2020“ (Насоките на ЕУ). Ова е клучен документ за следење, известување и програмирање на ЕУ за прашања поврзани со граѓанските организации (ГО) од Западен Балкан и Турција.

Беше претставен новиот систем развиен од страна на ТАКСО и ИПСОС или т.н. ‘семафор’ со кој во иднина ќе се следи напредокот во развојот на граѓанското општество врз основа на целите, резултатите и индикаторите утврдени во Насоките на ЕУ. Овој систем е применет во следењето на насоките во втората година, а резултатите ги претставија ресурсните центри на ТАКСО. Потоа,  во работни групи во соодветните земји, беше даден придонес кон извештаите за напредокот на земјата за 2016 година за делот на граѓанско општество.

Vtora godina monitoring na Nasokite na EU 2

Ова е трета конференција организирана од страна на проектот ТАКСО на оваа тема. Првата конференција беше организирана во Тирана во мај 2014 г., како вовед и промоција на Насоките. Втората конференција која се однесуваше на мониторирање на првата година беше организирана во април 2015 г., во Белград.

Конференцијата беше организирана од страна на регионалната канцеларија на проектот Техничка поддршка за граѓанските организации (ТАКСО), финансиран од Европската Унија (ЕУ). Општата цел на проектот е да се зајакне граѓанското општество во земјите од Западен Балкан и Турција. МЦМС е ресурсен центар за проектот ТАКСО во Македонија.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Втора година мониторинг на „Насоките на ЕУ“