Глобално водство, соседство и односи со Бугарија |
E enjte, 21 nëntor 2013 19:16 | |||
Автор: Сашо Клековски Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) за прв пат го спроведоа истражувањето „Глобално водство, соседство и односи со Бугарија“, кое треба да послужи за информирана јавна дебата за предизвиците на Македонија во натамошните евроатлантски интеграции. Извештајот содржи три дела: Глобално водство; Односи со соседните земји; и Односи со Бугарија. Во првиот дел се испитувани ставовите на граѓаните за глобалното водство, како и за најпријателска земја за Македонија и најдобар сојузник на Македонија. Во вториот дел се испитувани ставовите на граѓаните и јавни информирани личности за важноста на односите со соседите, оценката на односите, перцепцијата на најпријателски и најнепријателски сосед, поединечните перцепции за соседите, подобрување на односите, најдобро лично искуство, познавање на историјата и културата на соседите и споделување на истата, најмногу предрасуди и со кој сосед се посакуваат најблиски односи. Во третиот дел се презентирани ставовите на граѓаните за пречките за поинтензивна соработка меѓу Бугарија и Македонијa, важноста на подобрувањето на односите со Бугарија, потребните чекори за подобрување на меѓусебните односи, перцепциите за одредени видни личности, начин на решение на прашањето на малцинствата, договорот за добрососедство и поддршката од Бугарија за интеграциите во ЕУ. Испитувањето на јавното мислење направено преку теренска анкета во периодот 15 ноември – 1 декември 2013 г на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници со +/- 3 % грешка. Анкетата ја спроведе М-проспект, чија одговорност беше и методолошката исправност на анкетата.
|