Во Македонија и не е така лошо! - Иницијативите за помирувањето |
E enjte, 18 gusht 2011 00:00 | |||
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Иницијативите за помирувањето - во рацете на граѓанитеВториот ден беше посветен на две организации кои работат со заедниците, надвор од Белфаст. Фондацијата во Ларн е католичка и работи во претежно или целосно протестантска област. Претставници на групата од Ларн посочија дека една од главните пречки во нивната работа е стравот. Кога доаѓаат на средби со луѓето од други заедници, луѓето се плашат дека ќе го изгубат идентитетот. Оние кои директно биле вклучени во конфликтот често си го поставуваат прашањето дали тоа било вистинското. Кога жалат за тоа што го направиле често се прашуваат, зошто целото тоа? Оваа група на заедницата сака да го подобрат имиџот на Ларн, да продуцира слика дека Ларн е добро место во кое може да се инвестира, а оние што живеат тука да бидат горди на својот град. Лошиот имиџ влијаел на бизнисот и животот на луѓето воопшто. Последните години не само заедниците туку и бизнис луѓето доаѓаат на сесиите и разбирањето за другите се подобрува, раскажуваат со ентузијазам. Групата воспоставила форуми на кои се среќаваат луѓето и ги споделуваат своите искуства. За младите направиле спортски терени, идејата е нив заедно да ги користат младите од различни групи. Ентузијазам има и во поглед на интегрирањето на учениците. Иако во основно училиште учат одвоено, потоа, во средно, за одредени предмети имаат интегрирана настава. По склучувањето на Договорот од велик петок, раскажуваат претставниците на групата, се случува и самите училиштата да го поддржуваат трендот на интегрирање. Тие со гордост кажуваат дека Ларн е пример за тоа во тој дел од државата. Таквиот тренд се гледа и во спортот, има мешани тимови на пример во јуниорскиот фудбал. Во последно време има многу малку проблеми меѓу заедниците. Групата не видела некоја полза од медиумите, велат дека објавувањето на позитивна и добра приказна секогаш оди потешко отколку на лошите. Имаат локален приватен весник. Велат дека медиумите главно ја следат својата агенда и вестите од теренот се подредуваат на неа. При последните немири (јуни 2011 година н.з.) дел од информациите што се презентирале во медиумите биле на основа на непроверени факти, сензационалистички и политички мотивирани. Немаат локална телевизија па тешко е да влијаат или да стигнат на програмата на националните телевизии. Повеќето од информации младите ги добиваат преку Интернет, тоа им е по-инстант. Социјалните медиуми, според нив, се опасност за досегашното, традиционално новинарство. Најважно, во Ларн нема ѕидови. Учесниците ја посетија и заедницата Коримила. Тоа е христијанска заедница чии цели се да го промовира помирувањето и градењето мир преку заздравување на социјалните, религиските и политичките поделби во Северна Ирска. Во оваа заедница се водат програми насочени кон воспоставување општество дефинирано од толеранција, каде различностите се решаваат преку дијалог во јавната сфера и каде има еднаквост, почит за различностите и признавање на меѓузависноста.
|