Повик за учество на еднодневна работилница: „Дигитални социјални иновации“ |
![]() |
![]() |
![]() |
E enjte, 02 tetor 2025 14:39 |
Развивање дигитални решенија со општествен импактДигиталните технологии денес претставуваат клучни двигатели на промени во сите сфери на општеството. Кога ќе се спојат со социјалните иновации, тие создаваат нови можности за решавање на предизвици кои долго време останале нерешени. Овој спој отвора пат кон еден нов бран на суштински општествени трансформации, каде технологијата не е цел сама по себе, туку алатка што служи на заедницата и на луѓето. Работилницата има за цел да им помогне на граѓанските организации да развијат иновативни дигитални решенија кои директно одговараат на реални социјални проблеми и потреби во заедницата. Преку водство и инспирација, организациите ќе добијат простор да ги претворат своите идеи во конкретни концепти што можат да се развијат во идни проекти. Датум: 16 октомври 2025 Ќе работиме интерактивно, преку тимски вежби, креативни методи и практични алатки. Учесниците ќе имаат можност да ја следат и применат рамката од специјално развиен водич со 10 чекори за дигитални социјални иновации, кој ќе ги води од првиот чекор – идентификација на проблемот и целната група – па сè до последниот, кој вклучува мерење на успехот и импактот. На крајот на денот, секоја организација ќе замине со:
Работилницата е наменета за претставници на граѓански организации кои:
Што ќе добиете од работилницата?
Што следува по работилницата?Организациите што ќе покажат интерес и потенцијал ќе имаат можност да добијат менторска поддршка за развој на концепт за дигитална социјална иновација. Пријавете се најдоцна до 10 октомври 2025 година со пополнување на формуларот https://rcgo.mk/vesti/povik-za-uchestvo-na-ednodnevna-rabotilnica-digitalni-socijalni-inovacii/ Оваа работилница е дел од проектот “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Национална фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип. |