Три нови Форуми за МЦМС |
E hënë, 22 gusht 2011 13:45 | |||
МЦМС ќе раководи со три општини во новиот циклус на програмата Форуми во заедниците што ја спроведува Швајцарската агенција за развој и соработка заедно со општините во Република Македонија. По завршувањето на процесот на апликација од страна на општините, СДЦ направи избор на 14 проекти во 15 општини во кои ќе се спроведуваат Форумите. МЦМС, како една од петте спроведувачки организации ги доби на раководење општините Крива Паланка, Македонски Брод и Чешиново-Облешево. Во Крива Паланка и во Чешиново-Облешево ќе спроведуваат проектни форуми. Вкупниот буџет за Крива Паланка изнесува 2.800.000 МКД, од кои 50% се на општината, а другата половина се донација на СДЦ. Вкупниот буџет во Чешиново-Облешево изнесува 4.800.000, од кои 2.400.000 МКД ги обезбеди општината, а исто толку донира СДЦ. Форумот во Македонски Брод е буџетски и вкупниот буџет за него изнесува 4.800.000 МКД, по 50% од општината и од СДЦ. Форумските сесии се очекува да започнат во текот на септември и да завршат до крајот на декември 2011 година. Целта на Форумите во заедниците е да го поддржат учеството на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Тие ги вклучуваат граѓаните, создаваат и ги унапредуваат капацитетите за работа, создаваат локални партнерства и го подобруваат животот на луѓето во заедницата. МЦМС е вклучен во Форумите од 2008 година и до сега успешно ги спроведе проектите во општините Карбинци, Битола, Ресен, Аеродром, Берово, Радовиш и Конче.
|