Улогата на граѓанските организации и институциите од Западен Балкан во процесот на евроинтеграции - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Улогата на граѓанските организации и институциите од Западен Балкан во процесот на евроинтеграции PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 02 tetor 2025 12:06

Претставници на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) учествуваа на регионалниот настан „Гласот на отпорот- граѓанските организации на Западен Балкан во свет на промени“ што го организираше Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) на 1 октомври 2025 година во Тирана, Албанија.

1000002057

Претставници од граѓанскиот сектор и институциите од Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Хрватска зборуваа на панелот „Општествените актери во процесот на интеграција во ЕУ – состојки за успех“ што го модерираше Александар Кржаловски, директор на МЦМС. Секој од учесниците во дебатата од свој аспект, и за својата држава, се осврна на клучните предизвици на патот кон Европската Унија и ги потенцираа позитивните елементи на соработката.

Петар Књежевиќ од Центарот за развој на невладините организации (ЦРНВО) од Црна Гора, истакна дека соработката меѓу граѓански организации и Владата е важен предуслов за напредок кон ЕУ, сепак, се поставува прашањето дали гласот на граѓанските организации навистина се слуша или, пак, нивното учество служи само како формално исполнување на очекувањата на европските претставници.

За Бојана Селаковиќ, координаторка на Националниот конвент за ЕУ во Србија (платформа на граѓанското општество која ги застапува интересите на граѓаните на Србија во сите фази на европските интеграции) состојбата во земјата е исклучително сериозна и Владата го користи процесот како изговор да избегне вистинска соработка со граѓанските организации. „Националниот конвент ги напушти сите институции во кои учествуваше поради некооперативниот став на Владата“, истакна Селаковиќ.

Ердана Цано, генералната директорка на Агенцијата за стратешко планирање и координација на државна помош од Албанија укажа на потребата од навремен пристап до информации поврзани со реформските процеси, како и на посветена поддршка преку финансиски механизми – на пример, посебна буџетска линија за граѓанските организации и воспоставување на платформа за соработка со граѓанските организации.

1000002040

Претставничката на Босна и Херцеговина, Дајана Цветковиќ од ЦПЦД, оцени дека состојбата во нејзината земја е обележана со уназадување и потполна несоработка на Владата со ГО. Според неа, државата не обезбедува финансирање ниту учество на овие актери во процесите на дијалог и интеграција и укажа на потребата креаторите на државните политики да слушнат повеќе различни мислења.

Кристина Конеска Бероска, државна советничка во Министерството за европски прашања на Северна Македонија ја нагласи важноста на граѓанските организации во процесот на европската интеграција. Таа истакна дека Владата ја разбира разлика меѓу граѓанските организации кои бараат активно да бидат дел од процесот, и оние кои претпочитаат само да го следат.  Конеска Бероска смета дека улогата на Владата е да ги слушне сите аспекти и на крај да донесе одлука и дека секоја држава треба да има свој уникатен механизам за вклучување на ГО во преговарачкиот процес.

Иван Блажевиќ, експерт за демократско учество и социјална правда и раководител на програмата на Европскиот фонд за Балканот со седиште во Хрватска направи поширок осврт на процесите што ги водела Хрватска во европските интеграции, наведувајќи примери пред и по пристапувањето на земјата во ЕУ.

Заокружувајќи ја дискусијата, Кржаловски истакна дека сите актери мора да придонесат во процесите на европската интеграција. „Соработката помеѓу актерите треба да биде значајна и искрена. Без активно учество на граѓанскиот сектор, самиот процес ја губи својата транспарентност и кредибилитет. Само со заеднички напори и конструктивен дијалог можеме да придонесеме кон побрза и поефективна европска интеграција“, рече тој.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Улогата на граѓанските организации и институциите од Западен Балкан во процесот на евроинтеграции