Повик до граѓанските организации за учество на обука за архивско работење |
![]() |
![]() |
![]() |
E enjte, 02 tetor 2025 14:25 |
Граѓанскиот ресурсен центар ве поканува да учествувате на еднодневна основна обука за административно работење, која ќе се одржи на 21 октомври 2025 година во Граѓанскиот ресурсен центар – Скопје. Обуката е наменета за претставници на граѓански организации кои сакаат да го подобрат административното работење во своите организации. За оваа обука нема потреба од претходно предзнаење – може да се пријават и учесници кои немаат искуство во административно работење. Обуката за административно работење ќе им помогне на граѓанските организации да го зголемат нивното знаење и вештини за канцелариско и архивско работење. Ќе ги зголемат своите основни знаења за архивскиот и документарниот материјал, распоредувањето и вреднувањето на документите според Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови на чување. Исто така учесниците ќе бидат запознаени со основите на канцелариското работење од аспект на тоа како се води основната книга за евиденција-деловодник, како и со основите за архивското работење. Со цел да се обезбеди успех и резултати од градењето капацитети, после оваа обука, со обучените организации ќе се спроведат последователни менторски активности за да се осигура дека предвидените резултати се финализирани. Пријавете се најдоцна до 10 октомври 2025 со пополнување на формуларот на https://rcgo.mk/vesti/povik-do-graganskite-organizacii-za-uchestvo-na-obuka-za-arhivsko-rabotenje/ Оваа обука е дел од проектот “ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Национална фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип |