Во Македонија и не е така лошо! - Медиумите во Северна Ирска |
E enjte, 18 gusht 2011 00:00 | |||
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL
Медиумите во Северна ИрскаТретиот ден им беше посветен на медиумите. Белфаст Телеграф, ББЦ Северна Ирска и ТВ Висион. Освен за известувањето во време на конфликтот, учесниците се интересираа за функционирањето на медиумите, справувањето со предизвиците на Интернетот и социјалните медиуми итн. Последен во низата беше медиумот за млади – Вимпс што всушност е веб страница, водена од млади луѓе, кои ги користат последните веб технологии да им помогнат на младите да контактираат и влијаат на оние кои ги носат одлуките за нивните животи. Страницата им овозможува да го најдат пратеникот од нивната област и да му испратат порака за прашања што им се важни, можат да ја споделат нивната приказна, да дискутираат итн. Еден од домаќините на студиската посета, Мајк Гастон е поранешен новинар на ББЦ. Работел и известувал за конфликтот помеѓу 1980 и 1990. „Жртви во конфликтот не се само загинатите", вели Мајк, „туку и нивните семејства и сите кои на некој начин биле инволвирани со жртвата". И денес многу живо се сеќава на известувањето за бомбардирањето на една рибарница, на погледот на сестрата на бомбашот кој загинал. „Работењето на новинарот во такви услови е предизвик," вели Мајк, „и во тој предизвик, најважно е да не се загубиш себе си." Според него, важно е луѓето да научат да се справуваат со некои ситуации фер и праведно. Во врска со известувањето на ББЦ, тој вели дека секогаш се прави двојна проверка на приказните, на двете страни. Постојат принципи на известување во конфликти и тие се постојани. Ситуациите во конфликтот се менуваат многу брзо, во еден момент е безбедно, а веќе во следниот – не. Мајк Гастон сега работи како медијатор и советник за медиумски групи. Последниот ден беше посветен на не толку познатите прашања поврзани со Мировното новинарство и Моралната имагинација.
|