Во Македонија и не е така лошо! - Како учесниците ја видоа Северна Ирска - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во Македонија и не е така лошо! - Како учесниците ја видоа Северна Ирска PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 18 gusht 2011 00:00
Treguesi i artikullit
Во Македонија и не е така лошо!
Што е всушност конфликтот?
Некои факти за конфликтот
Иницијативите за помирувањето
Медиумите во Северна Ирска
Како учесниците ја видоа Северна Ирска
Të gjitha Faqet

Како учесниците ја видоа Северна Ирска

Иако можеби немаше доволно време за целосно разбирање на комплицираниот конфликт во Северна Ирска, мировните ѕидови беа многу „речити" сметаат учесниците на студиската посета. Од престојот и разговорите може да се види дека постои фокусираност и посветеност на градењето на мирот и одлучност да се оди понатаму.

ucesnici

Ситуацијата во Македонија може и не е толку лоша како што мислевме претходно, сметаат учесниците на студиската посета. Во Северна Ирска се користат повеќе модели за тоа како да се подобри ситуацијата. По ова искуство, сметаат тие, подобро се гледаат можностите за работа на полето на градењето мир во Македонија посебно преку медијацијата и тоа за секојдневна употреба, не само како исклучок. Она што и недостасува на Македонија, сметаат тие, е граѓански активизам кој го има во Северна Ирска.

Што се однесува до Договорот од велик петок кој е користен како основа за Охридскиот рамковен договор во Македонија, учесниците забележаа дека спроведувањето е константно и дека во целиот процес на помирување се вложуваат доста пари кои Македонија го нема за имплементирање на договорот. Поврзано со тоа економската ситуација е многу подобра за разлика од онаа во Македонија. Освен тоа, сметаат тие, луѓето во Македонија се подготвени да одат понатаму ама политичарите не се. Она што би требало да го прават медиумите во Македонија е да бараат отчетност од политичарите, а не го прават тоа.

Она што им недостасуваше на учесниците беа средбите со политичарите како и претставниците на власта кои би ги презентирале податоците за постигнувањата од Договорот од велик петок. Заедно со ова и впечатоците на луѓето од двете заедници кои би зборувале за тоа како гледаат на прогресот по потпишувањето на договорот. Можеби, сметаат тие, не е лошо да се сретнат и не толку умерени луѓе, на пример претставници на радикалните страни. Тоа може да делува како огледало за да се види сопствената слика подобро.



 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Во Македонија и не е така лошо! - Како учесниците ја видоа Северна Ирска