Цивика мобилитас достави предлози до кандидатите на локалните избори 2025 - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Цивика мобилитас достави предлози до кандидатите на локалните избори 2025 PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 15 shtator 2025 14:43

Предлозите на граѓанските организации поддржани од Цивика мобилитас денес (12.09.2025 година) стигнаа на адресите на кандидатите за градоначалници и нивните предлагачи.

dostaveni predlozi do kandidatite 2025

Тие се собрани и дискутирани од актуелните грантисти за време на последната Средба за вмрежување, одржана на крајот на јуни оваа година. Во овој партиципативен процес учествуваа претставници на околу 70 граѓански организации од целата земја.

Цивика мобилитас ги поттикна своите грантисти, специфичните предлози за нивните општини да им ги достават на кандидатите кои ќе се натпреваруваат за позиција во нивната единица на локална самоуправа.

Ова е дел од процесите на застапување што граѓанските организации го прават во име на интересите на граѓаните. Веруваме дека подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните во Македонија во сите сфери на делување е заеднички интерес на граѓанските организации и другите општествени актери вклучително и на кандидатите за градоначалници и членови на општинските совети. Затоа, се надеваме и очекуваме дека овие предлози ќе си го најдат своето место во програмите на кандидатите.

Граѓанските организации поддржани од Цивика мобилитас ќе продолжат како и до сега да делуваат на сите нивоа како коректори, поддржувачи и спроведувачи на активности кои ќе ги направат општествените промени за доброто на сите.

Погледни ги предлозите до идните градоначалници

 
 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Цивика мобилитас достави предлози до кандидатите на локалните избори 2025