Јакнење на капацитети на млади за анализа на политики - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јакнење на капацитети на млади за анализа на политики PDF Печати Е-пошта

Јакнење на капацитети на млади за анализа на политикиВклучувањето на граѓаните и граѓанските организации во креирањето на политиките бара двострана активност и од владата, но и од граѓанските организации. Неопходно е Владата да ги преземе сите мерки кои што се предвидени во Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор кои што се однесуваат на вклучувањето на граѓаните во креирањето на политиките, меѓутоа исто толку е важно и граѓанските организации од своја страна да се оспособат за застапување и лобирање на нивните интереси кои што може да бидат преточени во официјални државни политики. Дополнително, од особена важност е во овие процеси да се вклучуваат како младите, кои се носители на иднина на секое општество, така и маргинализираните групи за да се унапреди и почитува идентитетот на сите заедници во македонското општество.

Општа цел на проектот е придонес кон зголемена одговорност на институциите, граѓанските организации и граѓаните.

Цел на проектот е да придонесе кон зголемени капацитети на младите за анализа на политики и расправи за битни општествени прашања поврзани со доброто управување.

Целна група се младинските граѓански организации и млади Роми. Целното подрачје е Република Македонија. Проектот ќе се реализира во Скопје.

Очекувани резултати од проектот се:

  • Зајакнати капацитети на младите Роми и младински граѓански организации за анализа на политики и активно учество во креирањето на политиките;
  • Придонес кон зголемена свест на младите за потреба за нивното активно учество во иницијативи за промена на младински политики.

За да се постигнат  планираните резултати ќе бидат преземени следниве активности:

Обука за млади Роми за анализа на политики

Со целта да се зајакнат капацитети на младите, а посебно на младите Роми за нивно активно учество во креирањето на јавните политики, ќе биде организирана обука на тема  „Анализа на политики“ во три модули. Учесниците ќе се запознаат со начините како да ги идентификуваат проблеми во својата заедница и како да анализираат, подготват алтернативни решенија и соодветен акциски планови за иницирање промени во политиките. На овие модули ќе учествуваат по 20 учесници од различни социо-економски групи и заедници. Посебно ќе се посвети вниманието да се активираат млади Роми, и посебно девојки.

Брошура за активно учество во општество

Во рамките на проектот ке биде изработена брошура во која што ќе бидат опишани активностите со кои младите можат да иницираат и учествуваат во креирањето на политиките и на тој начина да дадат придонес во развојот на граѓанското општество. Брошурата ќе биде отпечатена во 150 примероци како и во електронска форма на цд-а и ќе биде дистрибуирана до младите во училиштата, како и до локални институции.

Периодот на спроведување е 1 јуни 2010 – 31 декември 2010 година.

Активностите ќе бидат спроведувани од страна на здружението „Прогрес“ со советодавна поддршка на МЦМС. Буџетот на проектот е 871.940 МКД. Поддршката ја обезбедија МЦМС (со средства од ЕЕД), УСАИД и Прогрес.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми