Јакнење на капацитети за анализа и креирање политики - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јакнење на капацитети за анализа и креирање политики PDF Печати Е-пошта

Иако во минатото граѓанското општество во Република Македонија со голема вклученост на граѓанските организации одигра значителна улога и беше постигнат значителен напредок во развојот на демократијата и граѓанското општество сепак изостануваат или се во зачеток активностите во областите за кои се очекува да бидат адресирани од граѓанските организации: одржувањето на одговорноста на државата, барањето спроведување на законите, борбата против корупцијата, вклучувањето на ГО и граѓаните во процесот на донесување одлуки.

Јакнење на капацитети за анализа и креирање политикиВклучувањето на граѓаните и граѓанските организации во креирањето на политиките бара двострана активност: и од владата, но и од граѓанските организации. Неопходно е Владата да ги преземе сите мерки кои што се предвидени во Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор кои што се однесуваат на вклучувањето на граѓаните во креирањето на политиките, меѓутоа исто толку е важно и граѓанските организации од своја страна да се оспособат за застапување и лобирање на нивните интереси кои што може да бидат преточени во официјални државни политики.

Општа цел на проектот е зголемена одговорност на институциите, граѓанските организации и граѓаните.

Цел на проектот е да придонесе кон зголемени капацитети на граѓанските организации да придонесуваат во креирањето на политиките за одредени прашања.

Целна група се граѓанските организации. Директни корисници се организациите членки на трите мрежи: ГПМ, МБД и „Сите за фер и правично судење“. Целното подрачје е Република Македонија. Проектот ќе се реализира во Скопје со исклучок на студиската посета која ќе се одржи во Лондон.

Очекувани резултати од проектот се:

  • Развиени три стратешки планови за креирање политики за три различни прашања.
  • Зајакнати капацитети на претставници на граѓанските организации за креирање политики.

За да се постигнат  планираните резултати ќе бидат преземени следниве активности:

Почетен состанок за определување на прашање за застапување

Првата активност во проектот ќе биде организирање на почетни состаноци со трите вклучени на кои претставниците на мрежите ќе дискутираат и ќе изберат еден проблем/прашање за кое понатака ќе биде развиен стратешки план за застапување и лобирање за негова реализација.

Истражување (desk research)

За сите три избрани проблеми ќе бидат направени истражувања преку секундарни извори на податоци. Истражувањето треба да даде одговор на постоечкиот контекст во областа, законодавството, активностите кои ги презема државата и другите релевантни актери во таа област, заклучоци и препораки.

Работилници за подготовка на акциски план за креирање политики

Најмалку по две работилници ќе бидат организирани за секоја мрежа. Целта на овие работилници е да се даде инпут за развивање на акциските планови за креирање на политиките за селектираните прашања.

Студиска посета и обука

Ќе биде организирана четиридневна студиска посета со цел да се споделат искуствата со други земји во кои е развиен партиципативниот начин на креирање на политиките и на застапување и лобирање. На студиската посета ќе учествуваат по двајца претставници од трите вклучени мрежи. Студиската посета ќе биде комбинирана со обука за креирање политики. Студиската посета и обуката ќе се организира во Велика Британија во соработка со ИНТРАК.

Обука за креирање политики

Обука за креирање политики ќе биде организирана за граѓанските организации. Целта на обуката е да се стекнат учесниците со знаење и практични вештини од областа на креирање на политиките и влијание на јавните политики.

Периодот на спроведување е 15 април – 31 декември 2009 година.

Клучна претпоставка која влијае и придонесува кон постигнување на проектните резултати е дека сите вклучени организации во мрежите кои се цел на овој проект се организации кои долго соработуваат меѓу себе и имаат претходни заеднички активности на слични проекти.

Активностите ќе бидат спроведувани во координација со ОБСЕ и организациите членки на трите коалиции: Граѓанска платформа на Македонија (ГПМ), Македонија без дискриминација (МБД) и „Сите за фер и правично судење“.Документите кои ќе бидат подготвени, покрај директната дистрибуција до организациите и органите на државната управа ќе бидат објавени и на веб страната на МЦМС и на страните на коалициите.

МЦМС во консултации со ОБСЕ е одговорен за донесувањето на одлуките и спроведување на проектот.

Како можен ризик може да се јави слабиот интерес на граѓанските организации за вклученост во проектните активности (работилници, обуки, студиска посета и сл.).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми