Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога (АПП) - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога (АПП) PDF Печати Е-пошта

Македонскиот социо-културен контекст се соочува со голем недостаток на толеранција, иако како земја постигнавме суштинска хармонизација со меѓународните стандарди за заштита на човековите права. Причините за ова се повеќекратни, но главно се групирани во две посттранзициски реалности: неефикасна држава (недостиг на владеење на правото, корупција, заробување на државата, високо централизирана држава, недостаток на независни институции, недостаток на судски реформи итн.) и ниското ниво на доверба и учество на јавноста во процесите на донесување одлуки. Овие две реалности најмногу ги погодуваат најслабите во нашето општество, односно граѓаните и групите на луѓе кои се маргинализирани и малцинствата. Така, кога тие се цел на дискриминаторски однесувања, државата нуди бавно обесштетување, а јавноста демонстрира ниско ниво на свест за проблемот на дискриминација. Оваа ситуација остава многу малку можности за креирање промена на перспективите и запирање на дискриминаторските активности.

01022022 Potpishuvanje na MzS

Еднаквоста е една од основните вредности на Европската Унија (ЕУ). Правата на граѓаните на ЕУ за недискриминација се заштитени со Повелбата за фундаментални права и разните Директиви. Република Северна Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ, се стреми да го усогласи своето, со законодавството на ЕУ. Иако државата е секуларна, религијата и етничката припадност влијаат на политичкото милје на државата и ги одразуваат социјалните поделби и вкоренети стереотипи. Податоците од трите истражувања на Барометар за еднакви можности покажуваат дека голем дел од испитаниците биле или дискриминирани (2009 - 34%; 2013 - 22%; 2018 - 36%) или биле сведоци на дискриминација (2009 - 65% ; 2013 - 78%; 2018 - 64%).

Општа цел на програмата е зајакнување на институционалниот одговор за борба против дискриминацијата и неправедниот третман кон маргинализираните групи и граѓани. 

Цел на програмата е да се поддржи и зајакне улогата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во почитувањето на правата на граѓаните кои се третирани нееднакво.

Целни групи се Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), граѓански организации (ГО), мрежи на ГО и други тела и институции за борба против дискриминација.

Очекувани резултати на програмата се: 

  1. Институционално зајакнување на КСЗД за унапредување на принципите на еднаквост, толеранција и недискриминација;
  2. Зајакнати капацитети на КСЗД (комесари и секретаријат), како и останати институции за заштита на човекови прва, што ќе овозможи ефективна примена на прописите за антидискриминација и изградени вештини за употреба на меѓународните алатки и прибирање податоци за еднаквост;
  3. Зголемена свесност и доверба на општата јавност во механизмите за антидискрими-нација преку директна поддршка на локални ГО.

Програмата ќе резултира со повеќе продукти и тоа: алатка за истражување- Барометар за човекови права и антидискриминација, две летни школи, документ за политика на тема- сфера на влијание меѓу етничките и верските заедници за почитување на принципите на еднаквост и недискриминација, една тркалезна маса и една конференција за широко распространетата дискриминација на која ќе се дискутира со пратеници, експерти и претставници од академската заедница, четири прилагодени обуки за комесарите за зајакнување на нивните капацитети, две студиски посети- една во Агенција за фундаментални права во Виена, и друга во Комисијата за еднаквост во Северна Ирска, ЕУ студија на случај- споделување на најдобрите практики меѓу македонската и бугарската Комисија за спречување и заштита од дискриминација, шест грантови за локални ГО за спроведување на мини-кампањи за недискриминација и еднаквост, пет кратки документарни видеа (“docu-tubes”) и 10 „клипинзи“  за запознавање на јавноста и младите со проблемите со дискриминацијата и нееднаквоста, два мурали на теми поврзани со недискриминација и еднаквост, он-лајн курс за подобрување и олеснување на пристапот кон информации за недискриминација и механизмите за заштита.

Програмата ќе ја спроведува МЦМС, периодот на спроведување е 1 јануари 2022 г. – 31 декември 2023 г.

Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија. 

Буџетот изнесува 12.300.000 денари. 

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми