Набљудување и оценка - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Набљудување и оценка PDF Печати Е-пошта

Набљудување и оценкаНабљудувањето и оценувањето се меѓу клучните фази во процесот на раководење со проектнот циклус. Овозможуваат во од да се разрешат дел од проблемите, го олеснуваат процесот на планирање на идните активности и ги прават видливи резултатите од активностите.

Набљудувањето е редовното собирање и анализа на информациите за напредокот при спроведувањето на проектот. Неговите функции се: документација на процесот на имплементација; олеснување на донесувањето на одлуки од страна на раководството; преземање поправни дејства и учење од искуството/подлога за планирањето.

Оценувањето може да го дефинираме како објективна проценка на тековен или завршен проект или програма, во смисла на влијанието и/или резултатите на вредноста која е одбрана за оваа проценка. Најчести причини да се примени оценување се: било планирано; потребна проверка на некоја одлука (на пример, продолжување на проект); има проблеми; политички прашања бараат одговор (на пример, влијание на програма за развој).

Содржина

Набљудување

  • Набљудување на проекти/програми во сите фази на проектниот циклус;
  • Задачи и одговорности во набљудувањето
  • Показатели за набљудување;
  • Дефинирање на потребата од информации и проток на информации;
  • Техники за собирање на податоци и анализи;
  • Организациско учење засновано на набљудување;

Оценување

  • Вовед во проектно/програмско и организациско оценување;
  • Критериуми за оценка;
  • Клучни показатели за оценување;
  • Алатки и инструменти за оценување;
  • Опис на надлежности за оценување;
  • Лекции за организациско учење и развој на политики.
 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Теми