Тим и тимска работа - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Тим и тимска работа PDF Печати Е-пошта

Тим и тимска работаСекоја организација се соочува со специфични предизвици за кои тимовите се најпрактичното и најмоќното средство на располагање на менаџерот. Критичната задача за постарите менаџери е да се грижат за генералниот перформанс и за видовите на тимови што би можеле да ја спроведат работата. Ова значи дека раководството мора да го пронајде уникатниот потенцијал на тимот што би можел да оствари резултати, стратешки да ги распореди тимовите  кои претставуваат најдобар инструмент за работа, и да ја одржува основната дисциплина на тимот што може да ги направи ефективни. Со тоа раководството создава атмосфера што го поттикнува индивидуалниот ангажман, како и работата на организацијата воопшто.

Тимовите и добриот перформанс одат заедно; не одат еден без друг.

Веруваме дека тимовите ќе станат основни работни единици во организациите со висок степен на перформанс. Тимовите ќе ги зајакнат постоечките структури без да ги заменат. Иновацијата бара зачувување на квалитетот на работа преку структурното дејствување и отстранување на пристрасноста во работата преку тимското работење.

Содржина

  • Тимови наспроти работни групи, разлики и сличнсти
  • Фази во формирање на тим
  • Улоги во тимот (индивидуален прашалник за улога во тимот)
  • Фактори кои влијаат на ефективната тимска работа
  • Култура во тимот
  • Разбирање на функционирањето на тимовите и градење кохезија во тимот
  • Интер и интра групна комуникација
  • Интергрупни/интрагрупни конфликти и нивно решавање
  • Фактори на тимска мотивација
  • Улогата на лидерот во градењето на тимот
  • Стилови на водство и организациска култура
 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Теми