Довербата во граѓанското општество во Република Македонија 2015 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Довербата во граѓанското општество во Република Македонија 2015 PDF Печати Е-пошта

Автор: Даниела Стојанова 
Датум: јули, 2015
ISBN: 978-608-4681-14-4
PDF: doverba-vo-gragjanskoto-opshtestvo-2015-godina.pdf

doverba go 2015Во овој извештај се анализирани наодите од анкетата „Довербата во институциите и во граѓанското општество во Република Македонија“, кои се однесуваат на граѓанското општество , а која беше спроведена по шести пат на национален репрезентативен примерок на граѓаните на Република Македонија . Целта на истражувањето беше да се испита довербата на граѓаните во институциите и во граѓанското општество.

Оваа година извештајот е подготвен во рамките на проектот за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“ на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). МЦМС му ја довери анкетата на јавното мислење, врз којашто се базира овој извештај, на М-проспект, чија одговорност беше и методолошката исправност на анкетата. Повеќе информации за МЦМС и Цивика мобилитас се дадени на крајот од извештајот.

Големо мнозинство од граѓаните (82,2%) знаат да наведат успешна граѓанска организација, што е значително повеќе во однос на 2013 г. Најмалку од по еден граѓанин како успешни се препознаени околу 50 организации. Најпрепознаена организација од граѓаните како успешна е Црвениот крст, исто како и во 2013 г.

Подобрено е познавањето организации кои дејствуваат во конкретни области Во три од проверените 10 области на делување мнозинство од граѓаните знаат да наведат најмалку една организација и тоа во областите: економски развој, вработување и развој на мали претпријатија (51,2%), демократија и човекови права (68,0%) и јакнење на граѓанското општество (60,5%). Во седум од областите малцинство граѓани (под 50 %) знаат да наведат најмалку една граѓанска организација која придонесува во одредена област. Најмалку организации препознаваат во полето на борба против корупцијата (37,9%), европските интеграции (38,5%) и децентрализација (33,0%). Во однос на истражувањето направено во 2013 година, кај сите конкретни области има зголемено препознавање на организации.

Општата информираност е значително поголема од познавањето на сите 35 испитувани граѓански организации. Мнозинство граѓани (над 50 %) слушнале за половината од испитуваните организации, а ги познаваат четири од 35-те испитувани граѓански организации. Повторно Црвен крст е организацијата за која граѓаните се најинформирани и која ја познаваат. 

Во јавноста преовладува позитивното мислење за сите испитувани граѓанските организации. Појавата на негативно мислење за најголем дел од организациите е кај една организација. Позитивното мислење се зголемило за две од организациите кои беа испитувани и во 2013 г., а кај останатите има незначителни промени. Има значително или умерено намалување на позитивното мислење за седум од организациите.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации