Толеранција и вредности на граѓаните - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Толеранција и вредности на граѓаните PDF Печати Е-пошта

Автор: Наташа Димова
Дата: ноември 2022 година
ИСБН: 978-608-4848-45-5
ПДФtolerancija-i-vrednosti-na-graganite.pdf

tolerancija i vrednosti na graganiteМакедонскиот центар за меѓународна соработка ги истражуваше толеранцијата и вредностите на граѓаните чија цел беше да се испитаат ставовите на граѓаните за битните прашања кои влијаат на социокултурниот контекст во кој дејствува граѓанското општество. 

МЦМС ги проверувал толеранцијата и вредностите повеќе пати до сега, како дел од други истражувања. Тие се наведени на крајот од оваа публикација во делот „Продолжи со читање“. 

Истражувањето покажа дека нивото на толеранција во земјава е ниско, а тоа е особено видливо кога станува збор за пет категории луѓе. Имено, големо мнозинство граѓани не сакаат да имаат соседи кои се зависници од дрога (91%), зависници од алкохол (88,6%), луѓе со криминално досие (82%), припадници на ЛГБТИ заедницата (81%) и лица заболени од ХИВ (77%). Мнозински, односно над 50% се и одговорите кои се однесуваат на Ромите, имигрантите, лицата со хендикеп и припадниците на субкултурните групи. За граѓаните, помал проблем е ако соседите им се од друга вера, етничка припадност (освен Роми), друга политичка ориентација од нивната или невенчани парови кои живеа заедно. 

Возрасните се потолерантни од младите. Меѓу испитаниците над 65 години и оние меѓу 18 и 29 години особено се видливи разликите во однос на Ромите, припадниците на друга вера, етничка припадност или политичка партија и се движат меѓу 22 и 32 процентни поени.

Испитаниците беа прашани за оправданоста на некои појави за кои покрај законските ограничувања постојат и морални норми во општеството. Највисоки се бројките за неоправданост на семејното насилство, самоубиството, проституцијата и хомосексуалноста и се движат меѓу 87% и 91%. За граѓаните, најмалку неоправдан е разводот каде се зголемила оправданоста во однос на 2010 година.

Во поглед на тоа кој најмногу ги поддржува личните и потребите на заедницата, граѓаните имаат поделени мислења. Синдикатите се најпрепознаени, па речиси една четвртина сметаат дека тие даваат најголема поддршка и за нив лично и за заедницата. Секој петти граѓанин ги гледа политичките партии во улога на најголеми поддржувачи на потребите, лични и оние на заедницата. Речиси изедначена е перцепцијата за црквите и верските организации и граѓанските организации и се движи меѓу 15 и 17%.

Прашани и за односот кон природата и грижата за животната средина, речиси половина од граѓаните (49,5%) велат дека загадениот воздух е најголем предизвик за животната средина. За околу ¼ тоа е загадувањето на водите (реки, езера) и водата за пиење, а на трето место (18,1%) е загадувањето на почвите и депониите. Скоро половина ги посочиле граѓаните како најодговорни за состојбата со животната средина, а мало малцинство одговорноста ја гледаат кај државата и општините. 

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации