Споредба на анкетите со изборните резултати - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Споредба на анкетите со изборните резултати PDF Печати Е-пошта

Автори: Александар Кржаловски
Дата: јуни 2011 година
PDF:   sporedba-na-anketite-so-rezultatite-od-izborite.pdf

sporedba-na-anketite-so-rezultatite-od-izboriteМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамките на своите активности за следење на вонредните парламентарни избори, кои вклучуваат истражувања, набљудување на изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот на гласањето, ги следеше и објавите на разните агенции за рејтингот на политичките партии. Во функција на транспарентно информирање на јавноста, МЦМС на 30 мај 2011 година објави преглед на прогнозите на секоја од деветте агенциите за мерење на рејтингот на политичките партии, кои објавија свои анализи пред изборите.

Прегледот беше направен врз основа на комплетни информации од самите агенции доставени до МЦМС (Брима, ИДСЦС, ИПИС и Либерта), од објавените анкети на нивните веб-страници (Прогрес, Рејтинг) и од објавите во медиумите (ИСППИ, Павел Шатев, Димитрија Чуповски).

Во времето на објавувањето на прегледот, се уште не беше објавена последната анализа на Брима, но таа е сега вклучена во овој извештај, како замена за објавените податоци за прогнозите на Брима од нивната анкета во февруари.

Во овој извештај, се прави споредба на објавените прогнози со остварените резултати на изборите, согласно информацијата на Државната изборна комисија од 6 јуни 2011 година, за првични официјални резултати.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Листа на истражувања и публикации