Извештај за проценка на корупцијата во Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за проценка на корупцијата во Македонија PDF Печати Е-пошта

Автор: Емина Нурединоска, Марија Саздевски, Борјан Ѓузелов, Миша Поповиќ
Дата: август 2016 г.
ISBN:  978-608-4681-67-0
PDF: izvestaj-za-procenka-na-korupcijata-2016.pdf

izvestaj-za-procenka-na-korupcijata-vo-makedonijaИзвештајот за процена на корупцијата претставува преглед на состојбата и динамиката на корупцијата во Република Македонија. Основата на овој извештај е Системот за следење на корупцијата (ССК) развиен од Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија.

ССК се заснова на различни извори на информации и ги комбинира квантитативните и квалитативните методи за следење и процена на корупцијата. Обединетите нации (ОН) го имаат признаено ССК како систем со најдобри практики за следење на корупцијата на национално ниво и е во согласност со пристапот за виктимизација на ОН за мерење на нивото на административна корупција.

Во овој извештај содржан е основниот сегмент на ССК, односно анализирани се податоците од анкетата со населението и за одредени прашања споредувани со секундарни податоци. Со ваквата анализа се дава одговор за нивото на корупција во Македонија. Преку седум индекси е презентирано актуелното искуство на граѓаните со корупцијата, за нивните ставови за корупцијата и за перцепциите за корупцијата.


Поврзани:

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања