Документи за јавни политики: Следење на врската меѓу корупција и организиран криминал [2 дел] - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Документи за јавни политики: Следење на врската меѓу корупција и организиран криминал [2 дел] PDF Печати Е-пошта

Автори: Емилија Туџаровска-Ѓорѓиевска, Миша Поповиќ, Слаѓана Димишкова
Дата: февруари 2015 г.
ISBN: 978-608-4681-33-5
PDF MK:  sledenje-na-vrskata-megju-korupcija-i-organiziran-kriminal-2del.pdf
PDF EN: monitoring_the_links_between_corruption_and_organized_crime_2.pdf

Dokumenti za javni politiki Sledenje na vrskata megju korupcija i organiziran kriminal 2 delКорупцијата и организираниот криминал се негативни феномени кои со своето влијание создаваат декомпозиција на општеството, го оспоруваат економскиот раст и го зголемуваат степенот на сиромаштија. Дополнително, нивното влијание го поткопува владеењето на правото и ги уназадува напорите за демократизација особено на посттранзициските општества.

Борбата против овие два негативни тренда подразбира систематски приод од сите чинители на една земја. За таа цел, особено важно е јакнењето на капацитетите на граѓанските организации во следењето на корупцијата, на врската со организираниот криминал и јакнењето на свеста на граѓаните за негативното влијание врз нивниот секојдневен живот.

Проектот „Борба против корупцијата и организираниот криминал“, спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Центарот за изучување демократија (ЦИД) од Бугарија, ја има токму таа цел: да ја поттикне проактивноста на граѓанското општество за да влијае врз јавните политики, да ја одржи одговорноста на релевантните институции и да придонесе кон јакнење на интегритетот на целокупното општество.

Следењето на врската меѓу корупцијата и организираниот криминал е пилот-проект во Македонија и за првпат се спроведува со цел да послужи и како алатка за подобро следење на овие негативни појави од страна на релевантните државни институции, како што е Министерството за внатрешни работи на Македонија итн.

Документите за јавна политика – втор дел, се дел од овој проект и даваат преглед на три аспекти од следењето на корупцијата и организираниот криминал.

Првиот документ за јавна политика – студија на случај, дава преглед на законската и институционална рамка на Бирото за јавни набавки. Во оваа студија на случај се анализира праксата низ која се спроведуваат јавните набавки во Македонија, како и распостранетоста на корупцијата во јавните набавки. Во таа насока, понудени се и препораки за подобро сузбивање на коруптивните ризици во спроведувањето на јавните набавки.

Во вториот документ за јавна политика – студија на случај, се анализира правната и институционалната рамка на работата на Министерството за внатрешни работи (МВР) во областа на корупцијата и организираниот криминал, како и превентивните и репресивните мерки кои ги превзема Министерството во сузбивањето на корупцијата и организираниот криминал.

Третиот документ за јавна политика дава преглед на ризиците од корупција и организиран криминал во приватниот сектор. Овој дел нуди анализа на неколку клучни ризици на корупција и организиран криминал во бизнис секторот, како што се: перењето пари, изнуда и сл.

Документите за јавна политика – втор дел, од вкупно двата дела со шест документи за јавна политика, се дел од проектот „Борба против корупцијата и организираниот криминал“, финансиран од ЕУ во рамките на Националната програма за привремена поддршка и градење на институционални капацитети, IPA 2009.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации Истражувања