Доверба во луѓето, институциите и граѓанското општество 2018 - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Доверба во луѓето, институциите и граѓанското општество 2018 PDF Печати Е-пошта

Автор: Симона Огненовска
Датум: август, 2018
ISBN: 978-608-4848-50-9
PDF: doverba-vo-lugjeto-instituciite-i-gragjanskoto-opshtestvo-2018-godina.pdf

doverba go luge institucii 2018Доверба во луѓе и институции

Општата доверба во луѓето се уште е мнозинска со незначителни промени споредено со минатите години.

Потребата на луѓето да бидат внимателни во интеракцијата со другите бележи големо зголемување. Големо мнозинство на граѓани сметаат дека треба да се биде многу внимателен со други луѓе.

Умерено е зголемена довербата во соседите и сонародниците, наспроти падот на довербата во колегите.

Најголема доверба од страна на граѓаните уживаат банките и финансиските институции, потоа јавниот (државата) сектор и приватниот сектор. Mедиумите се единствениот сектор кој бележи умерен раст на довербата споредено со минатите години. Постојат разлики во довербата на различни институции меѓу етничките Македонци кои имаат поголема доверба во државата и банките и финансиските институции, наспроти етничките Албанци кои најмногу веруваат во приватниот сектор и меѓународната заедница.

Довербата на граѓаните не е зголемена во ниту една од државните институции кои се предмет на анализа. Граѓаните имаат мнозинска и најголема доверба во Армијата и Полицијата, додека најмалку доверба уживаат Државната комисија за спречување корупција и судовите. Постојат значителни разлики во довербата во државните институции меѓу етничките Македонци и етничките Албанци.

Довербата на граѓаните во чинителите на меѓународната заедница е се уште мнозинска, и запрен е опаѓачкиот тренд кој започна во 2015 година. Етничките Албанци имаат значително повеќе доверба во сите чинители на меѓународната заедница во поглед на етничките Македонци како и симпатизерите на ДУИ и СДСМ во однос на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕкај кои е најниска довербата во меѓународната заедница.

Доверба во граѓанско општество

Интензитетот на опаѓачкиот тренд на довербата во граѓанското општество кој започна во 2015 г. е намален. Сепак, довербата во граѓанското општество незначително опадна во 2018 година и е на најниско ниво досега.

Довербата на граѓаните единствено е мнозинска кај црквите и верските заедници, а веднаш по нив следат здруженија и фондациите како и неформалните групи на граѓани. Од сите чинители на граѓанското општество, единствено неформалните организирања бележат умерено зголемување на довербата.

Највисока доверба уживаат организациите кои даваат социјална грижа, делуваат на полето на заштита на животната седина, човековите права, жените и родовите прашања.

Преовладува позитивното мислење на граѓаните за здруженијата и фондациите и покрај немнозинската доверба.

Мало малцинство граѓани сметаат дека организациите дејствуваат за да остваруваат јавен и/или поширок интерес и за остварување на заеднички општо добро. Овие ставови се совпаѓаат со неможноста на мнозинство граѓани да посочат организациски облик на здружување кој придонесува за личните потреби на граѓаните и на потребите на заедницата. Оние кои можат, прво ги посочуваат политичките партии а потоа граѓанските организации.

Mнозинството граѓани не можат да наведат пример на успешни граѓански организации што придонесуваат кон позитивни општествени вредности.

Најпрепознаени од страна на граѓаните се организациите кои работат во областа на заштита на човековите права и развојот на демократијата и владеење на правото.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Истражувања и публикации